ВМРО-ДПМНЕ побара распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по изгласувањето на уставните измени, изјави дека извршниот комитет и пратеничката група биле во постојано заседавање и донеле одлука да побараат распуштање на Парламентот и распишување предвремени парламентарни избори.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на името, идентитетот, историјата и образованието се направи на противуставен и криминален начин. Тоа е одлука на 81 пратеник, но не е одлука на граѓаните. Сето ова е чин на предавство. Со Договорот се донесува огромна штета и неправда на македонската држава и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се оваа неправда да биде исправена. Денеска се покажа дека Македонија со Заев губи и ако останат на власт Македонија ќе продолжи да губи на сите полиња. Ова мора да престане, и ќе се промени само доколку овие луѓе си заминат од власт. Бараме распуштање на Парламенетот и одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. На овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и така волјата на граѓаните ќе биде испочитувана“, изјави Мицкоски.

Мицкоски запрашан дали размислуваат за бојкот на Собранието одговори дека сите опции се отворени и дека она што денес се случило преставува „Црн петок“ за Македонија и македонскиот народ.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе