ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Заев се исти, ветувањата им се лага

„Стево Пендаровски и Зоран Заев се исти 102.5% Зоран Заев ветуваше дека се додека дише нема да го промени уставното име на државата. Зоран Заев го промени името на државата. Зоран Заев излажа. И Стево како и Заев лаже", се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секое ветување на Стево Пендаровски е лага. Исто како што и секое ветување на Зоран Заев пред избори гледаме дека е лага. Во интервју за бугарска телевизија само неколку недели пред да го смени името, Заев кажуваше колку е понижување доколку би требало да го смениме името и за внатрешна употреба, па и на владата да го пишува новото име. Зоран Заев само неколку недели подоцна го промени името и за внатрешна употреба. Зоран Заев излажа. Стево Пендаровски е 102.5% ист како Зоран Заев и тој лаже како Заев. Зоран Заев јавно ветуваше и се колнеше, за по само неколку месеци да направи се спротивно на тоа што првично го ветуваше", се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе