ВМРО-ДПМНЕ отвора афера „Профитер”: Шилегов исплаќа милионски суми на наместени тендери

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција соопшти дека открива нова афера за скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, а партискиот портпарол, Наум Стоилковски соопшти дека тоа е скандал кој покажува што се прави за финансиска корист. 

„Мрсни тендери се добиваат во полна проценета цена, без намалување, без конкуренција, без економско негативно наддавање, тендери добиени на левел со нереална проценета вредност од Град Скопје. Ова е невозможно во слободна економија, и е невозможно доколку некој дебело не профитира. Аферата ‘Профитер’ ќе покаже огромна веројатност за местење на тендери, бидејќи е невозможно да нема заинтересирани фирми за толку економски големи тендери. Невозможно е да нема економско наддавање, лицитација за земање на работата. И трето, невозможно е да бидат постигани суми кои што се идентични на оние проценетите, бидејќи примери кои што ќе ги изложиме докажуваат дека при силна конкуренција, проценетата вредност на тендерот, на договорот може да падне дури и десет пати. Така се се сведува на едно, Шилегов исплаќа милионски суми од Скопје на наместени тендери”, изјави Стоилковски.

Тој почна со обајснување на случај од 2018 година кога за тендер „изградба, одржување и реконструкција на вело патека” со проценета вредност од Град Скопје на 27 милиони 800 илјади, се пријавиле 11 учесници, градежни фирми. На тој тендер, како што рече, дури 42 пати е намалувана цената преку електронско наддавање - и тоа довело овој тендер да биде платен 1,5 милиони.  ”И така се работи во слободна економија, така се работи во демократија - 11 конкуренти, се борат за работа, 42 пати е намалувана цената”, изјави Стоилковски.

Но, според него, потоа, 2019, 2020, па и оваа 2021 година кога економијата почнува да тоне, тендерите на Град Скопје, милионски тендери, наеднаш не биле интересни за наддавање, и за чудо, цените на договорите стануваат идентични на проценетата првична вредност од Град Скопје. 

„И тоа продолжува и оваа година, кога во услови на колабирана економија, нема интересенти за тендер вреден една милијарда, 141 милион денари! Две фирми се пријавени, нема борба за цена, проценката и договорот речиси идентични”, рече Стоилковски.

Тоа, според него, води само кон едно, дека Шилегов, исплаќа милионски суми на наместени тендери.

Како што изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, аферата „Профитер” ќе покаже како тоа наеднаш за тендери со висина од 2, 3, 5 па и 20 милиони градежниот сектор „магично” снемува интерес и не се бори на пазарот, основно начелото на секоја слободна економија и основно начело на постоење на градежните компании, на постоење на фирмите.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе