ВМРО-ДПМНЕ објави уште 8 кандидати за градоначалници, пратеникот Муцунски во трката за Аеродром

Уште осум кандидати за градоначалници утврди ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот комитет и Централниот комитет и, како што соопштија од партијата, огромно мнозинство на граѓани се определиле за поддршка на нови и некомпромитирани имиња за градоначалници.

Општина Аеродром - Тимчо Муцунски, актуелен пратеник

Општина Карпош - Доктор Оливер Зафировски, специјалист педијатар, пулмоалерголог, советник во општина Карпош во периодот 2009-2011 година.

Општина БитолаДоктор Тони Коњановски, епидемиолог и советник во Советот на Општина Битола.

Општина Струмица - Жан Дрвошанов, економист, има сопствена фирма за сметководствени услуги и финансиски консалтинг во Струмица.

Општина Кичево - Доктор Александар Јовановски, работи во сопствена приватна здравствена установа.

Општина Крива Паланка - Александар Рангелов, политиколог, советник во Советот на Општина Крива Паланка.

Општина Старо Нагоричане - Велибор Денковски, работи во семејна фирма.

Општина Долнени - Ладо Глигороски, активно се занимава со земјоделие.

 

 

 

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе