За претстојните локални избори

Мицкоски најави дека утре ќе ги објават утврдените кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги објави досега утврдените кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук објави дека овие кандидати биле потврдени на денешната седница на Централниот комитет на партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика“, напиша Мицкоски.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе