ВМРО-ДПМНЕ објави дека денес собрале уште 20 илјади потписи против пописот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави дека денеска се собрани нови 20 илјади потписи со кои ќе бараат поништување на Законот за попис. Според претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, собраните потписи се „против фалсификат на пописот кој на сила го турка власта“.

„За два дена собрани се 45 илјади потписи. Благодарност до секој еден граѓанин за поддршката. Никој повеќе го нема правото да го игнорира народот, затоа што народот е силата, енергијата и кај него е вистината. 45 илјади потписи за вистински попис. Но и многу поширока порака за власта, која ако сега не ја разбираат, ќе ја разберат многу скоро. Македонската пролет доаѓа!“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Сепак, иницијативата не би можела да има правни последици, бидејќи претходно беше отфрлена иницијативата за собирање 10 илјади потписи во подрачните единици на Министерството за правда, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Парламентот со старото уставно име на државата.

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе