ВМРО-ДПМНЕ: Ниту СЈО, ниту партиското судство на Заев не ги поколебаа граѓаните да ги заштитат националните и државните интереси

Заев треба да го слушне гласот на народот. Гласот на 1,2 милиони граѓани кои не се согласуваат со промената на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓани кои не се согласуваат со антидржавните политики на владата на СДСМ и капитулацијата која им ја подметнува Зоран Заев.

Македонскиот народ уште еднаш го покажа својот непокор. И покрај сите закани, уцени и притисоци на власта , народот се одважи и го одбрани сопствениот национален идентитет. Ниту СЈО, ниту партиското судство на Заев, ниту заканите за бркање од работа не ги поколебаа граѓаните да ги заштитат националните и државните интереси кои Заев ги распродава.

СДСМ ја погреба правната држава, го прегази правото и правдата. Пресудите и обвиненијата се пишуваат на Бихаќка. Заев е во паника и повторно го активира партиското обвинителство СЈО. СЈО му користи за политички прогон и пресметка со политичките неистомисленици, мислејќи дека ќе ги заплаши.

Тоа нема да се случи! Македонија и ВМРО преживеале многу низ историјата, а ќе го преживеат и Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува волјата на граѓаните и нивната мудра одлука да не го прифатат капитулантскиот договор од Преспа.

Во Македонија народот е суверен и оној кој одлучува, како што и доликува на една демократска земја. Заврши времето на транзициските политичари кои се однесува кон државата како кон своја лична своина и носеа одлуки на штета на државните и националните интереси, само со цел спас на своите политички кариери.

Заврши времето на овие луѓе кои 27 години ја пљачкосуваа и пустошеа државата. Дојде времето на нови победи, на нови успеси на Република Македонија.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе