Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Ние ќе го вратиме достоинството на пензионерите

СДСМ безуспешно се обидува да манипулира со пензионерите. Јасно е дека власта се обидува пред избори да го ублажи поразот кој им следува на претстојните предвремени парламентарни избори. Со новите мерки СДСМ сака да го прикрие фактот дека пензионерите всушност се оштетени од катастрофалните политики во изминатите години на оваа неодговорна власт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на претставници на СДСМ.

„Не станува збор за никаков раст на пензиите, туку за евтин политички маркетинг. Тие кажуваат дека ги зголемиле пензиите за пензионерите, а го премолчуваат фактот дека пред тоа им ги скратија пензиите по законот за порамнување на пензиите.

Со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ во првите 6 месеци од 2019 одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019 одзема дополнително 705 денари месечно. Вкупно во 2019 година СДСМ на пензионерите им одзеде 6.900 ден или по 575 денари месечно.

Со кратење на пензиите на пензионерите се скратија и вкупните примања во голем број на семејства, ако се земе фактот дека поради погрешните политики на СДСМ во Македонија се уште има голем број млади невработени лица кои ги чекаат пензиите на своите баби и дедовци како би го сврзале месецот крај со крај.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинството на пензионерите како што навистина заслужуваат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе