ГРУЕВСКИ ДО БОРИСОВ

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на договорот со Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска оствари средба со премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов, на која го информирал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на потпишаниот Договор за добрососедство. Соговорниците разговараа за односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, при што беше истакната заедничката посветеност за унапредување на добрососедските односи во сферите од заеднички интерес, и интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО.

 

Претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочување на  пријателството помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, економски развој и подобра соработка помеѓу македонскиот и бугарскиот народ.

Во однос на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во однос на оваа тема има принципиелни, долгогодишни и аргументирани ставови чија основна идеја беше постигнување на договор во кој нема да има чувство на победник и поразен и кој ќе ја реализира идејата за вистинско и рамноправно пријателство и соработка помеѓу двете држави и народи. Тој го извести својот соговорник дека согласно ставот на Централниот комитет на партијата, ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на договорот кој го потпиша марионетската влада на Зоран Заев, а за кој ВМРО-ДПМНЕ имаше конструктивни и суштински забелешки и предлози за негово подобрување.

Двете страни ја истакна значајноста и потребата од што побрза интеграција на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, како приоритет кој ќе обезбеди трајна стабилизација на регионот и ќе обезбеди услови за дополнителен економски развој на истиот.

Соговорниците разговараа и за соработката во областа на Европската народна партија, каде што членуваат и двете партии ВМРО-ДПМНЕ И ГЕРБ.

 

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе