ВМРО-ДПМНЕ не е против законот за јавно обвинителство, тврди Мицевски

ВМРО-ДПМНЕ не е против законот за јавно обвинителство туку е против партискиот закон за јавно обвинителство, рече денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Во Собранието на Република Македонија драфт-верзијата која се дебатираше на јавната расправа и на која беа поканети еминентни стручни лица од областа за која дискутираме, сѐ уште не е во собраниска процедура. Ние го имаме во собраниска процедура старото законско решение кое е различно од ова за што дебатираа експертите. По завршувањето на јавната дебата гледаме дека министерката за правда Рената Дескоска воопшто не е спремна да ги почитува забелешките на експертите“, рече Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ, според него, излезе со предлог да се остави можност експертите да се произнесат и да направат заедничко законско решение, експертите да го направат, а ние како политички партии да го разгледаме и да го гласаме.

Во однос на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ блефира со предлогот за распуштање на Собранието, Мицевски вели дека е несериозен одговорот од страна на СДСМ. Потсети дека претседателите на политичките партии, релевантни во државата, се договорија за датумот на лидерската средба кај претседателот Пендаровски.

„Од она што се случува во Собранието и од процедурата која е деловнички во Собранието за да се закаже седница за распуштање на Собранието, потребен е одреден материјал кој ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден го достави. Така формално-правно немаме проблеми за закажување на оваа седница. Талат Џафери со материјалот кој го има доставено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ треба да закаже седница за распуштање на Собранието и на самата седница, пратениците и СДСМ ќе можат да видат дали е блеф на ВМРО-ДПМНЕ или не“,  рече Мицевски.

МИА

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе