Јанушев за Радио Слободна Европа

ВМРО-ДПМНЕ најавува протести и блокади на улици и институции поради случајот „Рекет“

Во ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека може да организираат демонстрации, протести, маршови, можеби блокирање на улици, како и блокирање на Парламентот поради случајот „Рекет“.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во интервју за Радио Слободна Европа вели дека „ниту една идеја и начин на делување не е исклучен за да се симне оваа влада од власт“ и дека ги разгледуваат сите можности кои се во рамки на демократските принципи и вредности.

„Ниеден начин на делување мислам на демонстрации, протести, протестни маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, блокирање на институциите, значи буквално секој оној демократски начин на делување во моментов не се исклучува. Секако дека највисоките тела и органи на партијата, тука пред сè мислам на Извршниот и на Централниот комитет во следниот период ќе заседаваат и ќе одлучиме кој е најдобриот начин на делување за конечно симнување што е можно побрзо на оваа криминално-рекетарска влада”, вели Јанушев.

Тој ваквата најава ја дал како одговор на прашањето дали поттикнати од случајот „Рекет“ размислуваат да поднесат иницијатива за гласање на доверба на Владата во Собранието.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе