ВМРО-ДПМНЕ: Националните интереси на Македонија Заев ги поткопа, за тоа одговорност ќе има

Центарот за комуникации на СДСМ бесполезно го брани Зоран Заев. Сите криминали на Заев и неговите во власта граѓаните ги гледаат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Надвор од памет е да се напише дека Зоран Заев ги брани интересите на Македонија.

За кои интереси пишува Центарот за комуникации на СДСМ?

Токму нивниот шеф Зоран Заев го потпиша Преспанскиот договор и го смени името на државата и покрај тоа што граѓаните беа против промената на името.

Градоначалниците на Заев ја избрусија вергината по општините и забранија да се користи знамето кое од значење на Македонците.

Токму нивниот шеф Зоран Заев го потпиша штетниот договор за добрососедство со Бугарија, па денес истата таа држава ни бара да ги менуваме учебниците по историја, и македонскиот јазик го негираат.

Зоран Заев токму стои зад акредитацијата на универзитетот од Велико Трново „Свети Свети Кирил и Методиј". Со ова не само што се кршат закони во Македонија туку и директно се погазува достоинството на нашиот најстар универзитет.

ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашува Заев дали би дозволиле во Софија да се отвори филијала на битолскиот универзитет кој што се вика „Свети Климент Охридски" и го носи истото име како најголемиот универзитет во Бугарија.

Националните интереси на Македонија Зоран Заев ги поткопа откако стана премиер. За тоа одговорност ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе