ВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува протест со автомобили, за, како што соопшти партијата, „заштита на националните црвени линии кои се последниот бедем на македонскиот идентитет".

Протестот што партијата го најави како „сенароден и надпартиски", се одвива под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна".

Колоната автомобили тргна од пред Спортскиот центар Борис Трајковски и се упати кон Владата, каде треба да заврши протестот.

Во повикот за протестот од опозициската партија  апелираа граѓаните да се спротивстават на, како што велат, „пазарџиската и анацинална политика на Зоран Заев и владата кои се подготвени да ги распродат националните интереси на Македонија".

„Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Побараа учесниците на протестот во колоната автомобили, да ги почитуваат максимално препораките и протоколите за заштита од ковид-19 вирусот, да држат дистанца и да користат заштитни маски и опрема со цел да го заштитат сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе