ВМРО-ДПМНЕ: На повидок е скандалозен тендер за набавка на мамографи

Двете години од раководење со здравството од страна на Венко Филипче и СДСМ може да се сумираат и да се каже дека поминуваат единствено во најблаго речено криминални тендери, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалозен тендер за раегенси и централизирани лаборатории, скандалозен тендер за сржта на медицината - стерилизацијата, а сега на повидок е веројатно нов скандалозен тендер за набавка на мамографи. Во јавноста има информации за набавка на осум нови мамографи и тоа по цена од 85 милиони денари.

Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните”, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа го праша министерот Филипче зошто дупло поскапи мамографи, пак ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе и го даде и овој тендер, дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма и дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен. 

„Ако мисли да продолжи на ваков начин да го урива здравствениот систем, крајно време е Филипче да си оди. Филипче мора да ја напушти функцијата и да дозволи некој кој е способен да го води здравството”, рече Андоновска.

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе