ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски нема да учествува на лидерската средба в петок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да се појави на лидерската средба в петок, потврди денеска претседателката на Унијата на жени, Благица Ласовска.

ВМРО-ДПМНЕ, според Ласовска, останува на ставот дека ако воопшто се одржи лидерска средба на која ќе присуствува Мицкоски, тогаш таа ќе биде исклучиво за предвремени парламентарни избори.

„Како што пред неколку дена најави претседателот, нема да се појави на лидерската средба. И доколку има некаква лидерска средба, таа лидерска средба ќе биде само за разговор за предвремени парламентарни избори“, рече Ласовска на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе