ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски и партијата сметаат дека ваква техничка влада е нефункционална

Ставот на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес е непроменет, односно дека техничката влада во ваков облик и форма е нефункционална и дека истата не треба да постои, изјави денеска на прес-конференција Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Одговарајќи на прашањето за ставот во врска со предлогот на коалицијата СДСМ-ДУИ во односно на укинувањето на техничка влада, Стојаноска рече дека Зоран Заев и Али Ахмети не може еднострано да тргуваат со нешто кое создава права и обврски и за опозицијата и нешто што беше заеднички договорено со консензус од политичките партии од власта и опозицијата во тоа време.

„Пример за нефункционалноста е на пример кога министерот за внатрешни работи ќе апси луѓе кои што вршат поткуп, а обвинителот ќе ги ослободува и истите за кратко време ќе ги видиме како се фотографираат со Зоран Заев или министер за внатрешни работи ќе донесе одлука и ќе именува професионалци, за истите од страна на владата да бидат заменети со партиски војници.

Сето ова точно е дека создава проблем со функционалноста и е мотив повеќе политичките партии и од власта и опозицијата да донесат итно решение чија што задача ќе биде само спроведување на фер и демократски избори. Во спротивно ако со ваква техничка влада ни се случи ваков масовен поткуп, тогаш можеме да замислиме што би се случило на следните парламентарни избори со ваква полна влада на Заев и Ахмети“, изјави Стојаноска.

Таа на денешната прес-конференција кажа дека коалицијата СДСМ-ДУИ не е за напредок на државата, туку за продолжување на лагите, криминалот и корупцијата.

„Коалицијата СДСМ-ДУИ е за продолжување на матните тендери, распродажба на државните интереси за сметка на личното богатење. Македонија нема да види преродба туку стагнација, проблеми и продлабочување на поделбите“, изјави Стојаноска.

 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе