МТСП: за Законот за заштита од дискриминација

ВМРО-ДПМНЕ манипулира со јавноста, во законот ниту се брише семејството, ниту термините мајка и татко

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги демантира информациите дека со Законот за спречување и заштита од дискриминација се брише семејството, како и термините мајка и татко.

Во соопштението до медиумите МТСП најостро ги демантира дезинформациите и, како што вели, лажни вести кои ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ во однос на новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација.

„Во никој случај со овој закон не се брише семејството, ниту пак се бришат термините мајка и татко, ова воопшто не е предмет кој се уредува со овој закон.

Законот за спречување и заштита од дискриминација е т.н. lex specialis, односно не ја уредува детално секоја област на која се однесува. Во новиот предлог закон се вклучени општи одредби, кои подетално се уредуваат во посебни закони. Конкретно, одредбата за ‘бракот дека е заедница меѓу маж и жена‘ е уредена во Законот за семејство и таму нема промени за ова прашање. Во Република Северна Македонија бракот, како и вонбрачната заедница, се заедници меѓу еден маж и една жена, и родителите се именуваат како татко и мајка“, се вели во соопштението.

Според МТСП, Законот за спречување и заштита од дискриминација, со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, ја проширува заштитата од дискриминација кон оваа група на граѓани. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Основа за донесување на овој закон е токму Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот.

Од Министерството потсетуваат дека Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обеднитетите нации, од ЕУ и од ОБСЕ-ОДИХР. Тие истакнуваат дека Република Северна Македонија, со ова ново законско решение, прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го законодавството на ЕУ и меѓунардоните стандарди за човекови права.

МТСП исто така апелира до јавноста да не подлегнува на манипулации и лажни информации. Законот за спречување и заштита од дискриминација е достапен за секој, може да се види на веб страната на Министерството за труд и социјална политика и на веб страната на Собранието на Република Северна Македонија.

 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе