Опозицијата не попушта

ВМРО-ДПМНЕ лута на бугарските европратеници, нема да гласа за промена на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ е против уцените на бугарските пратеници кои бараат бришење на македонскиот јазик и нема да поддржи уставни промени, напиша на својот фејсбук-профил координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски

„Полека но сигурно, вистината испливува на површина! Иако декларативно и постојано нѐ убедуваат дека македонскиот јазик е „заштитен", конечно гледаме дека тоа не е вистина. Очигледно, само Владата на Република Македонија не ја гледа или не сака да ја види бугарската негаторска и асимилаторска политика кон Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик".

Ваквата реакција на Мицевски доаѓа по поднесувањето на амандмани од страна на бугарските европратеници во врска со македонскиот јазик, поднесени вчера за време на одржувањето Мешовитиот парламентарен комитет во Стразбур.

„Значи, без разлика на која политичка опција припаѓаат бугарските претставници и државници, бугарската политика и дипломатија кон македонското прашање не се менува. За жал, тоа не е случај и кај нас.
Оттука, повторно сакам да упатам силна порака дека уставни измени нема да има сѐ додека не се укине и измени уценувачкиот и асимилаторскиот Договор за добрососедство, кој што за волја на вистината е извор на сите неправди, уцени, негации и омаловажувања на македонскиот народ", напиша Мицевски на својот фејсбук профил.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе