ВМРО-ДПМНЕ: Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести

„СДСМ го уништи здравствениот систем во Република Македонија. Во изминативе две години откако е СДСМ на власт во здравството владее хаос и секојдневно сме сведоци на скандали и матни тендери“, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да го подобри здравството како што ветуваше, СДСМ го урниса. Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии. Додека кај нас се јавуваат епидемии на искоренети болести, СДСМ парите за подобрување на здравството ги пренасочува до фирми блиски до функционерите од врхушката на власт“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнителен удар според нив е и приватизацијата и централизацијата на здравствените услуги.

„СДСМ наместо да воведе бесплатно здравство како што ветуваше,  воведува приватизација или централизација на здравствени услуги, што ќе значи дополнителен удар врз џебот на граѓаните, а покрај тоа ќе биде на штета и на голем број здравствени работници. Таков удар на товар на граѓаните е и матниот и сомнителен тендер за стерилизација, вреден 13.700.000 евра,  кој е сличен на  тендерот за реагенси кој пропадна и кој беше вреден 35 милиони евра. СДСМ и Филипче воведуваат монопол на стерилизацијата во здравството и сега наместо секоја здравствена установа посебно да ангажира сервисна компанија за стерилизација, една фирма ќе ги опслужува сите здравствени установи во државата“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

         

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе