Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот

Македонија е заробена држава, заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија. Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политичкиот прогон на сите кои мислат поинаку, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашните пресуди за настаните за 27 април. Од опозициската партија додаваат дека оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење.

„Македонија е единствената држава во демократска Европа во која во 21 век во затворите се уште има политички затвореници, луѓе кои таму се наоѓаат само поради различните политички ставови со Зоран Заев.
Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија, симболи на политичкиот реваншизам кој не бира средства и начини за вршење тортура врз оние кои мислат поинаку од власта“, се вели во реакцијата на партијата. 

Од таму додаваат дека доказ за политичкиот прогон во Македонија се нарачаните и однапред напишани, неосновани драконски пресуди за 27-ми април.

„Доказ за политичкиот прогон е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка, и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27-ми април. Правото и правдата во Македонија мора да се врати. На заевизмот кој е реминисценција на криминалната транзиција мора да се стави крај. Победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори ќе го најави враќањето на правото и правдата во Македонија, ќе го најави поразот на Заевизмот и враќањето на правдата во нашата држава. Правната држава ќе се врати во моментот кога Зоран Заев ќе стане минато на македонската политичка сцена“, се дополнува во соопштението на опозициската партија. 

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе