ВМРО-ДПМНЕ: Јанева призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис

Катица Јанева е еден од пипците на октоподот. Без нејзина поддршка и поддршката на Зоран Заев и други функционери од власта Боки 13 не можел да рекетира милиони евра од бизнисмени, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Катица Јанева ја завршува кариерата онака како и што ја почна. Политички и по нарачка се обидува да го минимизира рекетарскиот скандал што ја разголи целата власт на Зоран Заев и начинот на владеење изминатите години. Катица Јанева само за плата во овие четири години од граѓаните има земено преку 150.000 евра, а не почувствува потреба да одговори на прашањата што ја интересираат јавноста.

Јанева практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис и дека таму се сместени најголемите криминалци во државава вклучително со нејзе. Слушнавме дека знае и за други лица кои рекетираат во нејзино име, но Јанева одлучи да ги заштити и да не каже кои се тие, практично уште еднаш покажува и докажува дека она е соучесник и она им дава поддршка на тие лица да рекетираат и да го вршат тој криминал. И практично е виновна за тоа“, изјави партискиот портпарол Димче Арсовски.

Тој на прес-конференција праша дали Јанева имала контакти со Заев, Кики или Фрики и за што разговарале со тој телефон. Но, според него, Катица Јанева не кажа дали одлуката да се укине притворот за бизнисменот Камчев е нејзина или одлука на обвинителката Лиле Стефанова.

Арсовски рече дека Катица Јанева не почувствувала ниту срам, ниту одговорност за ова што се случува во моментов, но тоа што е потрагично во моментов е фактот дека ништо сомнително не гледа ниту обвинителката Рускоска, практично се обидува да ги заштити.  

Истрагата, рече дека е се освен непристрасна и професионална.

„Дали лажниот исказ на Катица Јанева даден во истрагата во врска со телефонот не е индиција дека и таа е инволвирана, односно и против неа треба да бидат преземени посебни истражни мерки односно ПИ мерки?

Дали Рускоска со непокренувањето постапка против Катица Јанева свесно и остави време на Катица Јанева да ги уништи доказите и пораките што ги разменувала со оштетените, рекетарите или пак функционерите на СДСМ од кои ја добива поддршката?

Дали бришењето пораки од апликации е причината поради која не е побаран и телефонот од Зоран Заев? И дали неговата комуникација со Катица Јанева, Боки 13, Кики и Фрики е главната причина поради која што Заев го смени бројот и протоколите односно начинот на комуникација?“, се прашањата што ги постави Арсовски.

Ова, според него, е многу повеќе од индивидуален обид на Боки 13 да рекетира.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе