ВМРО-ДПМНЕ ја разгледува можноста за импичмент за претседателот Пендаровски

Опозицијата ќе ја разгледаа можноста за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, изјави синоќа Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на своето гостување во ТВ24 на дебата за моменталните случувања во Собранието во однос на гласањето за петте вонредни состојби на претседателот Пендаровски.

„Одговорот за овој проблем кој несомнено е дека ќе стане и голем треба да се побараат или кај претседателот или кај Уставниот суд. Ја разгледуваме можноста и за импичмент, а конечен став немаме донесено“, рече Стојаноска.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за продолжување на вонредната состојба затоа што  голем дел од уредбите донесени од Владата биле наменети за други цели, економската и здравствената криза во државата не се надмина.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе