Реакција

ВМРО-ДПМНЕ ја посети депонијата во Долно Лисиче и ги потсети надлежните на ветувањата за чиста животна средина

Денес се наоѓаме во Општина Аеродром на патот помеѓу Долно Лисиче и Јурумлери. Ова што го гледате зад мене е дива депонија крај течението на реката Вардар, која е доказ за негрижата на локалните власти за животната средина, изјави Младен Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ.За оваа депонија редакцијата на МКД.мк неколку пати пишуваше и испраќаше прашања до општина Аеродром. 

„За жал, ова е честа слика на територијата на градот Скопје. Вакви диви депонии може да сретнете и кај Вардариште- во близина на строгиот центар на градот, во Ново Село- Општина Ѓорче Петров, во Трнодол- Општина Карпош, во Железара и во Дендропаркот во Трубарево – Општина Гази Баба. Сакаме да ги потсетиме градоначалниците дека во своите предизборни кампањи во 2017 година ветуваа чист воздух од првиот ден на доаѓање на власт, чиста животна средина и повеќе зелени површини. Ова што го гледаме денес е сосема спротивно на нивните ветувања. Оттука сакам да ги прашам, дали чекаат да започне предизборна кампања за да сработат нешто или нивните празни ветувања беа само со една цел, да седнат во фотелјите на општините и градот Скопје без да се грижат за проблемите на граѓаните?“, истакна Јаневски.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе