РЕАКЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Спасовски се врв на лицемерие

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и велат дека она што тој го презентирал е врв на лицемерието и двојни аршини. 

“Не е првпат СДС да врши брутална партизација на институциите и политички да суспендира и разрешува професионалци обидувајќи се да си отвори простор за поставување на партиски послушници. Оливер Спасовски денеска што го презентираше е врв на лицемерието и двојни аршини. Против полициските службеници кои не применија сила при демолирањето, палењето и ограбувањето на канцеларијата на Претседателот на Република Македонија немаше никаква постапка. Против полициските службеници кои на 27-ми април постапија на истиот начин сега се водат постапки. ВМРО-ДПМНЕ јасно го кажа својот став во врска со случувањата од 27-ми април. На физичкото насилство му претходеше политичко насилство. Одговорност мора да има и за политичкото насилство”, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Јавното обвинителство не смее да подлегнува на притисоците и заканите од СДСМ и мора да продолжи да постапува професионално, исклучиво согласно Уставот и законите.

 “Барањата на Заев за смена на Републичкиот Јавен обвинител се само со една единствена цел, прикривање на сопствениот криминал и инсталирање на послушник кој ќе ги спроведува наредбите за политички прогон на неговите неистомисленици”, велат од партијата. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе