АНКЕТА НА ТЕЛМА И МЦМС

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ рамо до рамо по рејтингот, ги делат 0,8 отсто

Доколку утре би се одржале избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 отсто од граѓаните, а за СДСМ 23,7 отсто, покажуваат резултатите од последната анкета на Телевизија Телма и МЦМС. 

Според овие резултати, за ДУИ би гласале 8,5 отсто, за Движењето Беса 3,7 отсто, за Алијансата за Албанците 1,8 отсто, а за ДПА 0,9 отсто  од граѓаните.

Анкетата покажува и дека голем е бројот на оние што не дале одговор, односно 35 отсто, од кои 13,1 отсто не сакаат да кажат за кого би гласале, 10,8 отсто не знаат, а 10,3 отсто рекле дека нема да гласаат за ниту една партија.

Инаку, разликата од 0,8 отсто меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е во рамките на статистичката грешка и е еднаква како и на пртходната анкета во февруари годинава. За споредба, во првата анкета на Телма во октомври лани, разликата меѓу двете партии беше околу 5% во корист на ВМРО-ДПМНЕ, па се намали на 3,8% во ноември и 1,3% на денот на изборите.

Што се однесува до рејтингот според етничката припадност на гласачите, 33 отсто од нив би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 26,2 отсто за СДСМ. Албанските гласачи, пак, во најголем број би гласале за ДУИ, 38,7 отсто, за Движењето Беса 17,1 отсто, за СДСМ 12,4 отсто, за Алијанса за Албанците 8,3 отсто, а за ДПА 4,1 отсто. 

Анкетата е спроведена телефонски, по насилните инциденти во Собранието, во периодот од 10 до 15 мај, на примерок од 1.000 испитаници. 

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе