Клучните разлики остануваат

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ далеку од договор за законот за Јавното обвинителство

Работната група на ВМРО-ДПМНЕ викендот до Министерството за правда повторно испратила материјали за Предлог законот за јавното обвинителство, но клучните разлики и натаму остануваат.

„Викендот од ВМРО-ДПМНЕ испратија повторно материјали, но клучните разлики остануваат. Материјалите не беа во согласност со европските препораки за отворање на преговорите. Разговорите ќе продолжат“, изјавиле за МИА од Министерството за правда.

Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на СЈО.

Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите. 

За усвојување на законот за јавно обвинителство неопходно е двотретинско мнозинство.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе