ВМРО-ДПМНЕ: Грозјето се откупува по мизерни цени или завршува на буниште

Зоран Заев пак ги излажа лозарите. Тој пред неколку дена ги убедуваше и нив и јавноста дека проблемот со откупот е решен, а реалноста вели дека лозарите своето грозје го продаваат по мизерни цени, а дел веќе се фрла и на буништата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овде не се работи само за нови лаги на Заев, тоа е веќе вообичаено. Овде се работи за целосно неспособна мафијашка власт, која наместо за проблемите на граѓаните се грижи само за своето лично богатење и криминал.

Грозјето се откупува по цена од 6 до 7 денари по килограм, што нема никаква економска исплатливост, бидејќи таа цена не ги покрива ниту основните трошоци за производство. Земјоделците се оставени без заштита од државата и се доведени до работ на егзистенција.

Ова е само уште една потврда дека криминалната и неодговорна власт на Заев нема никаква стратегија ниту план. За три месеци го зголемија долгот на државата за една милијарда евра, остана без работа над 40 илјади работници поради погрешните политики, а сега гледаме дека и без пари за својот труд ќе останат илјадници семејства во Тиквешијата“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе