ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на кандидатите за претседателските избори

Десет лица доставиле кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за да бидат кандидат за претседател од оваа партија. Една од пријавите била доставена по изминување на рокот, па останати се девет кандидатури, соопшти денес потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Овие лица со нивните програми ќе учествуваат на претстојната Конвенција на 16-ти февруари во Струга.

-Никита Шекутковски, доктор по математички науки и редовен професор на природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика;

-Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија;

-Васко Костов, фармацевтски техничар;

-Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ;

-Гордана Силјановска Давчева, редовен професор на Правниот факултет во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем;

-Илија Димовски, професор во пензија на шумарски факултет при УКИМ во Скопје;

-Филип Петровски, доктор на политички науки и поранешен директор на Државниот архив;

-Горан Анѓелов, пратеник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и претседател на ЗЕЛС во еден мандат;

-Сашо Кутлешоски, доктор по земјоделски науки;

„ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможи на сите пријавени, еднаков пристап до ОК на партијата во периодот од 6-ти до 16-ти февруари, со цел презентација на нивната програма и визија за Македонија. Сите кандидати ќе имаат еднаков третман и еднакви можности да бидат избрани, согласно принципите и демократијата. Транспарентноста и демократијата на овој процес, со цел да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните и ќе работи согласно законите и уставот, во полза на сите граѓани“, изјави Мисајловски.

Мисајловски во име на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повика власта да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе