ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите во кои Заеви биле сопственици не сакаат да платат 1 милион евра данок

„Фирмите во кои Заеви биле сопственици не сакаат да платат 1 милион евра данок, а годишно внеле по 50 милиони. Сара Јавор, Сара Инжинеринг и Дравас се трите фирми кои заедно кон државата должат 1 милион евра на име даноци“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Овие три фирми се редовни на листата на должници на УЈП, заедничко за сите три е што во истите во сопственичката структура во извесни периоди се јавувал Вице Заев, велат од опозициската партија. 

„И ако фирмите на граѓаните имаат блокирани сметки и при најмал долг кон УЈП, тие на Заеви работат без проблем и кога должат милиони. Да биде трагедијата уште поголема е фактот што фирмите на Заеви вртат и до 50 милиони евра годишно, но долгот кон државата не го плаќаат. Тоа е принципот од голтар преку СДСМ до милионер кој го применува Заев, Ковачевски, Каевски и другите функционери од СДСМ“, се вели во соопштението на опозициската партија. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе