ВМРО-ДПМНЕ: Финансиерите на СДСМ земаат лиценци за одгледување канабис

Опозициската ВМРО-ДМПНЕ тврди дека се случува скандал со хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис и дека тоа зема сѐ поголеми размери. 

Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека фирмата МАР МЕДИКА ДОО од Куманово е уште една компанија на која Владата и доделила лиценца за одгледување на канабис, а каде што е еден од управителите е лицето Бобан Спасовски од Куманово.

„Бобан Спасовски инаку е сопственикот на ДЕЛУКС АУТО, фирма добро позната по донациите во СДСМ и по тендерите за набавка на автомобили со кои ги има монополизирано сите државни институции. Во фирмата МАР МЕДИКА ДОО која добила лиценца од Владата на Заеви сопственици се два правни субјекти, од кои едниот е компанијата УПМ ГРУП Куманово, чиј сопственик е ДЕЛУКС АУТО од Куманово, а сопственик на ДЕЛУКС АУТО е Бобан Спасовски.

Бобан Спасовски и ДЕЛУКС АУТО се донатори во партијата на Заев, додека пак мора да напоменеме дека само во последнава година има земено 30-тина тендери од државата за набавка на автомобили”, рече Николовска.

Таа уште праша дали СДСМ ги враќа долговите кон своите донатори со издавање лиценци за одгледување канабис или пак ги задолжува за наредните избори и кој е критериумот по кој токму финансиер и близок до СДСМ добил лиценца од државата.

„Финансиерите на СДСМ земаат лиценци за одгледување канабис. Целата хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис треба и мора да биде предмет на ревизија за тоа дали сите компании ги исполнуваат условите за доделување на лиценци”, додаде Николовска.

 

 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе