„Болнички кревети нема ни за лек, се моли кај се стигне за да бидат сместени лицата со корона.
Медицински лица кои ќе се грижат за болните уште помалку.
Но, затоа Македонија е трет ден во кризна состојба, а ниту една мерка не е на повидок. Освен ако не мислат дека мерка е тоа што армијата ја претвораат во агенција за обезбедување.
Трет ден кризна состојба, паралелно Заев и Филипче се подготвуваат на терен. Што им се активностите на терен? Очигледно повторно поткуп како на изборите во јули годинава“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.