Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори како со чиновничка плата се стигнува до 15.580 м2 плац на Водно

Како Филипче со чиновничка плата стигна до 15.580 м2 плац на Водно каде е сосопственик со газдата на фирма која добива државни тендери и со директор на клиника каде што надреден е токму Филипче. Венко Филипче е фатен како ја лаже јавноста и е во огромен скандал. Тој е должен да одговори како е возможно со чиновничка плата да се стигне до 15.580 м2 имот на Водно, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како е возможно да е во сосопствеништво со газдата на фирмата која е добитник на милионски тендери во Министерството за здравство и со директор на клиника каде Филипче му е надреден? Полека но сигурно Филипче е еден од примерите како се богатат членовите на мафијата на власт. Што е ова друго освен огромен криминал? Венко Филипче повторно се крие зад институциите на хибридниот режим поставени во одбрана на криминалот и корупцијата во кои Македонија секојдневно тоне на сите мерења. Соочен со фактите, Филипче со празни флоскули ниту ги демантираше наводите ниту одговори на поставените прашања. По изборите ќе следува одговори и одговорност за секој еден криминал“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на одговорот на Филипче на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе