ВМРО-ДПМНЕ: Државата и покрај сменето име остана без почеток на преговори во јуни

Заев и Пендаровски ја посрамотија и понижија Република Македонија. Државата и покрај сменето име остана без почеток на преговори во јуни, тоа е така затоа што нема реформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку во изминативе десетина година главна пречка за не отпочнување на преговори беше ветото од Грција, сега главен проблем се недостатокот на реформи. Заев и Пендаровски добија насока за спроведување на сет на реформи меѓу кои: Правосудни реформи, борба против организиран криминал и корупција вклучително и на високо ниво и реформи во разузнавањето и безбедносните структури, како и реформа на јавната администрација. Ништо од ова не е исполнето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив Заев и Пендаровски потрошиле две години од животот на граѓаните.

„Заев и Пендаровски потрошија две години од животот на граѓаните, и наместо да направат нешто, тие ја вратија државата назад. Со Заев и Пендаровски во Република Македонија цвета само криминалот. Државата тоне, а луѓето се заглавени во безнадежност. Време е да се промени лошата пракса и државата да почне да ниже успеси. Гласот за Гордана Сиљановска е глас за реформи, за просперитет, за право и правдина“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе