ВМРО-ДПМНЕ: Додека власта на Заев тера политика, рекет и матни зделки, рекорден број луѓе умираат

Ослободување од Заев ќе значи поефикасна борба со корона вирусот. Додека власта на Заев тера политика, рекет и матни зделки, во Македонија рекорден број луѓе умираат и се заболуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Венко Филипче политички се препукува, во Македонија има нови 163 заболени и 3 починати од корона вирусот. Со овие бројки земјата се бетонира како рекордер во регионот по починати и заболени на милион жители.

Тоа говори дека на Филипче, СДСМ и Заев личните интереси им се пред здравјето и животите на граѓаните. Поради нивната неодговорност и неспособност во Европската Унија може да влегуваат државјани на Мозамбик, Замбија и Бутан со дозволен влез, но не и Македонија. Очигледно Македонија со Заев е во полоша состојба од земјите во третиот свет.

Целиот систем е во распаѓање, затоа што власта на Заев единствено се посвети на организирање на криминалот. Наместо за граѓаните тие се посветија на сопствените бизниси, на сомнителните тендери, на корупцијата и на рекетот. Јавноста виде дека милиони евра рекетирани пари се претураат во торби, а слушна и дека тие пари завршувале кај Зоран и Вице Заеви“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе