Уште во првиот изборен круг

ВМРО-ДПМНЕ доби 21 градоначалник, СДСМ 9, ДУИ 3 и ДПТ еден градоначалник

Според нецелосните податоци, а во очекување на прес-конференција во ДИК, од веб - сајтот на Комисијата може да се заклучи дека во првиот изборен круг победник е ВМРО-ДПМНЕ која доби 21 градоначалник. СДСМ освои 9 градоначалнички места, ДУИ слави во 3 општини, а Демократската партија на Турците во една општина. Вториот изборен круг ќе биде неизвесен во 47 општини, ВМРО-ДПМНЕ влегува со предност од првиот круг во 16 општини, додека СДСМ во 15. На локалните избори во 2017 година СДСМ освои 57 градоначалнички места, ДУИ – 10, ВМРО – 5, Алијанса за Албанците - 3, Беса, ДПА, ДПТ  и три групи избирачи по едно градоначалничко место.

На вчера одржаните избори ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на градоначалничката трка победи во 21 општина и тоа во: Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градсо, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Киосела Вода, Могиле, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и во Штип.

СДСМ во трката за градоначалнички места пак, победи во општините Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево и во Струмица.

ДУИ слави во Липково, Пласница и во Сарај, додека Демократската партија на Турците во Центар Жупа.

Во вториот изборен круг, барем според резултатите од првиот круг каде оствари најдобар резулат, со големи шанси за победа ВМРО-ДПМНЕ влегува во 16 општини и тоа во: Битгола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Кратово, Македонски Брод. Ново Село, Охрид, Радовиш, Ранковце, Чешиново-Облешево.

СДСМ пак, имаше предност во 15 општини во кои ја продолжува битката за градоначалничко место и тоа во: Демир Капија, Демир Хисар, Карпош, Конче, Кочани, Лозово; Маврово, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Центар, Чашка и во Шуто Оризари.

ДУИ во вториот круг со подобар резултат од противниците влегува во општините: Арачиново, Долнени, Желино, Струга, Теарце, Тетово и Чаир.

Коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива во вториот изборен круг влегуваат во Врапчиште, Гостивар и во Дебар.

Во општините Дебарца, Куманово, Чучер Сандево и во Скопје со предност влегуваат независно кандидати за градоначалник.

Демократската партија на Албанците традиционално е фаворит во општината Студеничани.

Инаку, вчера на локалните избори излегле 49 проценти од гласачите запишани во Избирачкиот список. Од вкупниот број на луѓе со право на глас кој изнесува 1.824.864, гласале 848.104 лица. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за советничките листи освоија помалку гласови во споредба со претходните изборни циклуси, што веројатно се должи на поголемиот број учесници како и на независните листи за советници.

ВМРО—ДПМНЕ освои 288 илјади глсови, СДСМ 238 илјади, коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива 56 илјади гласови, додека стандардно добар изборен успех имаше ДУИ која повторно освои над 100 илјади гласови, односно близу 105 илјади.

Најголем скок во бројот на гласови во споредба со претходните избори има Левица која достигна бројка од 50 илјади гласови, што е за повеќе од една третина подобар успех од претходниот.

 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе