ВМРО-ДПМНЕ: Дали Славјанка наместо во изолација, држи прес

Дали Славјанка Петровска денес ги загрози животите на десетици лица, наши сограѓани? Наместо во изолација како лице во потенцијален ризик за ширење на коронавирус таа држеше прес конференција, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Роберт Атанасовски

„Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите истата е упатена во домашна самоизолација.

Дно на лицемерие е Славјанка да обвинува дека некој друг не се грижел за здравјето на граѓаните, а таа треба да седи дома затоа што е во самоизолација.

Дали Петровска директно ги загрози животите на нашите сограѓани, во време кога коронавирусот се шири со аритметичка прогресија?

Доколку Славјанка Петровска има решение за самоизолација, таа го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе