ВМРО-ДПМНЕ: Дали намалувањето на казната на Мијалков е дел од договорот со Заев

Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а органите на прогонот и јавното обвинителство се уште не открија каде беше и кој му помогна  на Мијалков да се сокрие два дена, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Две недели се чекаат одговори на прашањата за кој целата јавност е заинтересирана. Дали министерот за правда Маричиќ знаел дека Мијалков ќе побегне и ја криел информацијата? Дали Мијалков избегал во Србија и од таму се пазарел со Заев за после два месеца да излезе од затвор? Дали Мијалков е донесен пред јавното обвинителство со службено возило на владата на Македонија? Дали во целото ова сценарио при појавувањето пред јавното обвинителство е вмешана и Вилма Русковска?, прашуваат од партијата.

Од партијата додаваат дека вчера беше соопштено дека едно од делата на пресудата за обвинетиот Сашо Мијалков застарува, и неговата казна ќе биде намалена за 3 години. Дали и ова е дел од договорот на крими коалицијата Заев – Мијалков?

„Режијата на ова сценарио е јавно позната, коалицијата на криминалот беспрекорно функционира. Кризата која сакаше Зоран Заев да ја направи во ВМРО-ДПМНЕ не успеа и планот на Заев пропадна. Затоа Македонија е хибриден режим според реномираниот „Економист“ и сме на 111-то место на скалата „Транспаренси Интернешнл“ по корупција. Со Зоран Заев секој ден Македонија ќе тоне се повеќе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе