Пратеничка група

ВМРО-ДПМНЕ бара власта итно да иницира ратификација на членството на Македонија во НАТО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија" до Собранието на Република Македонија поднесе иницијатива до Владата, со барање во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Македонија во НАТО.

Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, Владата е таа која поднесува предлог закони за ратификација до законодавниот дом, соопштува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашата иницијатива има за цел да го забрза и да го обезбеди ратификувањето на Северноатланскиот договор и Пристапниот протокол за членство во НАТО од страна на Собранието, пред истото да се распушти заради одржување на предвремените парламентари избори, кои треба да се одржат на 12 април 2020 година.

Сакаме да ја информираме јавноста дека ваквата постапка е пракса која што во Северно-атланската Алијанса е воведена при зачленувањето на Црна Гора во НАТО. Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификуваше овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случи еден месец подоцна, во мај 2017 година.

Апелираме до Талат Џафери оваа иницијатива во најбрзо време да ја испрати до Владата на Република Македонија сѐ со цел да не дојде до одложување на изборите од страна на СДСМ и Зоран Заев кои очигледно се плашат од катастрофата што ќе им се случи на 12 април.

Со прифаќањето на оваа иницијатива ќе докажат дека  навистина сакаат Република Македонија да биде членка во НАТО Алијансата. Во спротивно на цела македонска јавност ќе ѝ биде јасно дека СДСМ и Заев членството во НАТО го коцкаат за нивни партиски интереси и не го третираат како стратешки интерес на земјата“, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе