ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Владата поради високата корупција

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Владата поради, како што велат, рекордно високото ниво на корупција регистрирано во земјата. Потпретседателот на партијата и пратеник, Владо Мисајловски на денешната прес-конференција во Собранието рече дека „корупцијата, криминалот и недемократскиот режим не може повеќе да се кријат“.

„За ова мора да се сноси одговорност. Замислите, најкриминалната власт има и министер за борба против корупција. И не е доволно негова оставка или само оставка на министерот за правда. Владата мора да падне. Целата влада мора да си поднесе оставка“, повика Мисајловски.

Македонија на листата на Транспаренси е рангирана на 111 место.

„Ова е пад од цели 45 места за Македонија на листата во годините водена од Заев. Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија и ред други држави. Белорусија е на 63-то место. За четири години власта на мафијашки начин ја претвори Македонија во легло на корупција и криминал. Никој друг не е одговорен за ова пропаѓање на системот освен Зоран Заев и кликата околу него“, рече Мисајловски.  

Според него, ова е резултат на Љупчо Николовски, министерот кој, како што рече, вработува роднини во администрација, на ДКСК и нивните полни фиоки со предмети, на молкот на ЈО за нерешени кривични пријави и молк пред допрен глас за криминалите на власта.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе