ВМРО-ДПМНЕ бара од францускиот предлог да се избришат договорите со Грција и Бугарија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за преговорите во работните собраниски групи ги дефинира предлог забелешките кон Општиот став на ЕУ (Преговарачка рамка) и Заедничкиот став на ЕУ (Преговорите за пристапување) во однос на Македонија и веќе ги објави.

„Во документот наречен Општ став на ЕУ предлагаме:

Во точка три зборовите „ЕУ ги зема предвид соодветните едонстрани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик“ се бришат. Во ставот три по зборот „ЕУ“ се додаваат зборовите „истите ќе бидат на македонски јазик“.

Во точка пет од Преговарачката рамка се брише последната алинеја која гласи „ имајќи го предвид горенаведеното, посветеноста на Македонија за добрососедски односи и поблиска регионална соработка, вклучително и преку постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12), во согласност со Солунската агенда за Западен Балкан усвоена во јуни 2003 година, Декларацијата од Софија од мај 2018 година, Декларацијата од Загреб од мај 2020 година и Декларацијата од Брдо од октомври 2021 година, заклучоците на Советот за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација од март 2020 година и декември 2021 година и други релевантни заклучоци на Советот“.

Во документот наречен Заеднички став на ЕУ предлагаме:

Во точка 1 по зборчето „на“ се бришат зборовите „првата фаза од“. Се брише точка 11 која што гласи „оваа Преговарачка рамка ќе ви ја презентираме врз основа на општиот став на ЕУ, за време на следниот состанок на меѓувладината конференција која сме подготвени да ја одржиме без понатамошни одлагања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени како што е наведено во Заклучокот на Советот од XX/XX/2022, во согласност со своите внатрешни процедури“.

Во точка 13 се бришат зборовите „откако Македонија ќе ги исполни релевантните критериуми договорени од Советот“.

Во точка 14 се бришат следните зборови - „денес, потсетуваме на важноста од постигнување видливи резултати и спроведување на билатералните договори во добра волја, вклучувајќи ги договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија. Во таа насока, го поздравуваме договорот за протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно член 12 од овој договор.

Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка кои остануваат суштински елементи од процесот за проширување како и од процесот за стабилизација и асоцијација“.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе