ВМРО-ДПМНЕ бара нов јавен обвинител и го замрзна учеството во процесот Жан Моне

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната прес конференција во Собранието изјави дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија" најостро го осудува монтираниот политички процес во кој се кршат закони, покренуваат истраги, одземаат имунитети на пратеници. Поради сето ова тие нема да ги поддржат системски процеси и закони додека власта не се согласи на јавен обвинител на предлог на опозицијата за испитување на сите криминални и корупциски афери.

„За само неколку месеци во ова Собрание се спроведуваат 7 постапки за одземање на имунитет на пратеници и уште едно кое е во најава. Сите пратеници доаѓаат од опозицијата. Ова не може да се сфати никако поинаку освен за политичка пресметка со опозицијата. Неправдата не смее да остане неказнета, а криминалните афери се редат. Ако сакаат правна држава и владеење на правото, еве пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бара Државен јавен обвинител на предлог на опозицијата, што и беше ветување на самата власт. Во една ваква недемократска атмосфера која директно го руши и предизборниот амбиент пратеничката група нема да ги поддржи системски процеси и закони додека власта не се согласи на јавен обвинител на предлог на опозицијата за испитување на сите криминални и корупциски афери. Бараме јавен обвинител на предлог на опозицијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата соопштуваат и дека нема повеќеда учествуваат во процесот на Жан Моне.

„Истовремено, целосно респектирајќи го процесот, но имајќи во предвид ненормалните околности наметнати од Владата и власта на СДСМ во која се монтираат случаи, сослушуваат пратеници кршат процедури ние го замрзнуваме нашето учество во процесот на  Жан Моне, не затоа што не се согласуваме со целите на нашите меѓународни партии, туку затоа што власта создава ненормални околности за работа. Имаме директно рушење на предизборниот амбиент. Делувањето на власта преставува директна закана за легитимноста на изборите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и истакнуваат дека образложението за приведувањето на Вељaновски, Јанакиески и Ристоски е бедно и недостојно за која било држава во која што би требало да владее правото и правдата.

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе