Собранието не расправаше за законските измени

ВМРО-ДПМНЕ бара дополнително време да ги разгледа новите мерки против ковид-19

На барање на опозицијата, пратениците во Собранието денеска не расправаа за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка за да може да се спроведат новите мерки за заштита од коронавирусот.

Иако овој закон беше ставен како последна точка на денешната 18. седница, не беше на дневен ред бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ побарале да го разгледаат и да дадат свои предлози.

Од ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат дека побарале пред да се изјаснат за законот да го разгледаат и да дадат свои предлози и да дадат свој придонес и поддршка во напорите за справување со ковид-19.

Се работи за измени и дополнувања во насока на мерките кои претходно беа усвоени на владина седница. За да стапат на сила овие мерки, неопходно е да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести. Пакетот се состои од три мерки: задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор на максимум четири лица и ограничување на семејните собири, односно едно семејство да смее да прими најмногу четири гости.

За Законот веројатно ќе се расправа на следната собраниска седница на 27 октомври.

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе