ВМРО-ДПМНЕ: „Аватар“ е над законите зошто е заштитен од мафијата на Заев

Дискотеката „Аватар“ е над законите зошто е заштитена од мафијата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Една иста компанија два пати ги изигрува законите и процедурите зошто јавна тајна е дека е блиска до семејството Заеви. Но, таквата разузданост се плаќа со здравјето на граѓаните.

Тоа е и доказ за неспособноста на министерот за смрт и зараза Венко Филипче кој не е способен да ги дефинира и спроведе протоколите за здравствена заштита.

Тежок дебакл за институциите е да се дозволи корона кластер и тоа на два пати една дискотека да ги изигрува правилата и законите во државата. Таквата слабост е показател дека со државата владее мафија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе