Нецелосни резултати заедно со првиот и вториот изборен круг

ВМРО-ДПМНЕ апсолутен победник, освои 39 општини и градот Скопје, СДСМ ќе раководи 18 општини

Според засега нецелосните резултати објавени на сајтот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ е победник во вториот изборен круг со 18 победи за градоначалничката функција, а заедно со првиот круг ќе има градоначалници во 40 општини, вклучувајќи го тука и Град Скопје. СДСМ освои девет градоначалнички места во вториот круг, а заедно со првиот круг би требало да има 18 градоначалници. ДУИ ќе раководи во вкупно 10 општини, коалицијата Алијанса/Алтернатива во две или во три општини. Беса ќе раководи со две, а Гром, ДПА и ЛДП/ДОМ со по една општина, додека три општини ќе бидат под раководство на независни кандидати. 

Фото: Роберт Атанасовски

Според нецелосните податоци кои може да се најдат на интернет страницата на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во вториот изборен круг доби градоначалници во Град Скопје како и во општините: Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Ново Село, Охрид, Пехчево, Радовиш, Ресен и во Чешиново - Облешево.

СДСМ доби градоначалници во Демир Капија, Долнени, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Центар, Чашка и Чучер Сандево.

ДУИ доби градоначалници во Aрачиново, Боговиње, Кичево, Струга, Теарце, Долнени и во Чаир.

Алијанса за Албанците и Алтернатива победија во Гостивар и Врапчиште.

Беса доби градоначалници во Тетово и Желино.

ДПА ќе има градоначалник во Студеничани.

Гром победи во Карпош.

Коалицијата ДОМ/ЛДП доби градоначалник во Шуто Оризари.

Како независни кандидати градоначалнички функции освоија Максим Димитриевски во Куманово, Зоран Ногачевски во Дебрца и Ацо Новески во Македонски Брод.

Во првиот изборен круг ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници во градоначалници во: Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Ѓорче Петров, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и во Штип.

Во првиот круг СДСМ освои градоначалнички места во: Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, и во  Струмица.

ДУИ доби градоначалници во Липково, Пласница и Сарај.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе