Собрание

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Левица бараат формирање на посебна комисија за справување со пандемијата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ заедно со пратениците од останатите опозициски партии Алијанса за Албанците, Алтернатива и Левица, поднесоа предлог – закон за дополнување на законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка.

Со овој предлог се бара формирање на посебна комисија за заштита и справување со пандемија која ќе биде формирана од Собранието на Република Македонија, и ќе треба да придонесе за ставање под контрола на ситуацијата со ковид-19 која што секојдневно се влошува.

Составот на комисијата на предлог на Владата го избира Собранието и истата се предвидува да биде составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат, министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови би биле тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

Според предлогот, донесените препораки од комисијата ќе бидат јавни и ќе се доставуваат до Владата која што ќе има обврска задолжително да постапува по истите.

Целта на овој закон е да се формира комисија која ќе биде составена од професионалци кои се докажани во своите области и кои со своето објективно работење и носење на одлуки ќе придонесат за нормализирање на тешката состојба во која што се наоѓа Македонија предизвикана од ковид-19 кризата.

Како одоговорни пратеници и конструктивна опозиција наша обврска и задача е да нудиме издржани и квалитетни закони и мерки и да реагираме сооодветно бидејќи целата македонска јавност е сведок дека Владата на СДСМ и здраствените власти немаат капаците да се справат со овој голем проблем.

Апелираме до пратениците од владеачкото мнозинство да не поддржат во оваа иницијатива и наместо партискиот интерес, во преден план да го стават интересот на граѓаните односно здравјето на целокупното население во Република Македонија, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе