Влатко Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ ја победи СДСМ во Тетово, власта е делегитимирана

Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска од општинскиот штаб на Тетово прогласи убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ на изборите за општинскиот совет, додавајќи дека власта на СДСМ и Ковачевски е делегитимирана од страна на граѓаните.

„Владата на Ковачевски вечерва од Тетово од граѓаните, од народот од сите националности, е делегитимирана. Имаме убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, и имаме убедливо опозиционо антивладино расположение“, изјави тој.

Ѓорчев потенцира дека на речиси сите избирачки места водството на ВМРО-ДПМНЕ е убедливо, на некои места двојно а на некои тројно, укажувајќи дека победата им е значајна на сите места подеднакво.

Тој нагласи дека кога сѐ ќе се собере, ВМРО-ДПМНЕ има 3100 гласови, а СДСМ 1500 гласови.

„Повеќе од два спрема еден. И најважното, за Македонија. Ова е сигнал, ова е знак, ова е порака од Тетово која што порачува дека на нашата татковина Македонија ѝ треба нова влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.  На Македонија ѝ е потребна влада која ќе работи заедно со 50 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, наспроти 10 градоначалници од СДСМ и коалицијата“, рече Ѓорчев и додаде дека на земјата за премиер ѝ е потребен лидерот на партијата Христијан Мицкоски, како истакнат енергетичар.

„СДСМ може да победи само каде што има еден кандидат, како во Центар Жупа, каде не знам што славепе“, рече Ѓорчев.

За изборниот резултат во Маврово Ростуше, Ѓорчев рече дека нема откажување бидејќи на изборите за градоначалник имало жесток притисок од страна на власта, од полицијата, институциите врз граѓаните на Маврово Ростуше.

„Изборите кои што таму се одржаа беа срам за власта, огромни притисоци, купување на гласови. Но кога ќе има парламентарни избори нема да можат да ја купат цела Македонија“, нагласи тој.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе