Власта смета дека до 10-ти септември ќе се усогласи со опозицијата за судбината на СЈО

Од власта се задоволни како одат работите околу усогласувањето соопозицијата околу предлог законот за јавното обвинителство и решавањетона статусот на СЈО и актуелните предмети иистраги. За 10 септември веќе била закажана собраниската седница за овој закон и таа ќе се одржи без разлика на тоа како до тогаш ќе се одвива расправата и во рабнотниите групи и меѓу членовите на собраниската Комисија за европски прашања.

Власта нема да ги искористи промените на Законот за Совет на јавни обвинители како план Б ако пропаднат преговорите со опозицијата, брифираат високи извори од владејачката СДСМ.

Во СДСМ велат дека се тие оптимисти дека брзо ќе се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ за ова прашање, за да нема потреба од „пржински“ средби на оваа тема. Во СДСМ сметаат дека до 15 септември, кога завршува мандатот на СЈО, и ако нема договор, Советот на јавни обвинители има законска можност да назначи в.д јавен специјален обвинител, но тоа за власта не е посакувано сценарио.

Од СДСМ се уверени дека до 10 септември ќе има договоор и на собраниската седница со најмалку 80 гласа „за“ ќе поминат измените во Законот за јавно обвинителство.

Владејачката партија очекува датум за преговори во октомври и членство во НАТО во декември. 

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе