По Шарената револуција

Власта се обидува да воведе нови правила за протестирање

Според предлог-измените на Законот за јавни собири, веќе стигнати во Собранието од македонската Влада, се предвидуваат нови правила за остварување на уставното право за јавно собирање, со кои се дефинираат бројни ограничувања во остварувањето на ова право.

Во овој владин предлог пишува дека се забрануваат јавни собири „на други места од витално значење за одвивање на сообраќајот - тунели, премини преку пат на железничка пруга, мостови, надвозници, подвозници, гранични премини, пристап до гранични премини и крстосници“.

Се предлага јавните собири да се ограничат пред „седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив, како и во резиденцијалните и репрезентативните објекти и околниот простор што им припаѓа на органите на државната власт на Република Северна Македонија“.

Досегашната потребна минимална бројка за одржување на јавен собир, 20 граѓани, се зголемува на најмалку 50 граѓани.

И тоа не е се во предлозите за ограничување на јавните собири. Се ограничува и времето на одржување на јавните собири - од 6 часот наутро до 23 часот навечер.

Во член 21 од македонскиот Устав пишува: „Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба“.

Во Македонија досега политичките протести речиси секогаш се одржуваа пред Собранието, пред Владата, пред судовите, пред обвинителствата, пред општинските згради... Тоа е оној простор што со измените се дефинира како „околниот простор што им припаѓа на органите на државната власт на Република Северна Македонија“.

Според меѓународните конвенции, потпишани и од Македонија, законодавецот има право да пропише извесни ограничувања на правото на јавно собирање, но само ако тие се „неопходни во едно демократско општество во интерес на националната безбедност и јавната безбедност, јавниот ред, заштитата на јавното здравје или морал, или пак правата и слободите на другите”. Европската конвенција за човекови права дозволува државата да воведе законски ограничувања во остварувањето на правото напротест на припадниците на вооружените сили, на полицијата или на администрацијата.

А.Д.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе