Во Баку, Азербејџан

Владина делегација на сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, ќе се расправа за Охрид

Делегација на Владата на Република Северна Македонија учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

Делегацијата ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во неа се и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на сесијата на Комитетот,  делегацијата ќе има средби со високи претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот – Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан.

Македонската делегација ќеима средби и со колеги од Република Албанија, во насока на заедничко делување и управување со Охридското Езеро и неговотo опкружување.

„За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Владата на Република Северна Македонија ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот Регион, кој не ѝ припаѓа само на Северна Македонија, туку на целиот свет“, соопшти владината прес-служба.

 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе