Владин тим утре ќе се сретне со компанијата за природен гас што ја посочи Мицкоски

Утре македонски владим тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски ќе има средба со компанијата за природен гас што ја посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, соопшти вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

И Бектеши, како што рече, ќе учествува на средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава,а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата.

Состанок со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела.

„Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и п онудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас,“ истакна Бектеши.

Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО.

„Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите.Средбата нема да биде во Скопје, туку надвор од Северна Макдонија. Ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана за понудата и за тоа како течеа преговорите,“ подвлече Бектеши.

Во однос на разговорите со Србија, тој оцени дека се блиску до договор.

„Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди,“ рече министерот.

Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија.

„Но, тоа не тереба да биде на штета на Буџетот. Затоа ќе се склучи договор за најдобрата понуда. Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците,“ рече Бектеши. 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе